Трансферот кој беше договорен се чини дека нема да се реализира, Фенербахче требаше да го донесе Нико Јанковиќ од Ријека за 5,6 милиони евра, но ништо од тоа.
Работата беше договорена, Нико Јанковиќ требаше да премине во Фенербахче, а Риејка да добие 5,6 милиони евра и плус 10 проценти од следниот трансфер на фудбалерот кој требаше да стави потпис на четиригодишен договор со турскиот клуб.
Но, во последен момент раководството на Фенер се предомисли. Првите информации беа дека тоа се случило поради притисок од навивачите.
Сега има друга верзија, виновникот бил Мурињо. Португалецот нема ништо против Јанковиќ, но побарал прво итно да се донесат фудбалерите кои тој ги сака.
„Во иднината инвестирајте подоцна. Прво донесете ми ги играчите кои јас ги сакам. Се бориме за Лигата на шампионите, првенството почна и сакаме трофеј. Поради тоа итно ми требаат играчи на дефицитарните позиции“, рекол Мурињо.
Португалецот бил бесен затоа што Фенербахче доцни со реализација на трансферите, тој е под притисок за резултати, а ја нема посакуваната поддршка од раководството.
Асенсио, Бисума и Зинченко се играчите со кои се поврзува Фенербахче, овие фудбалери мора да имаат приоритет пред Јанковиќ, смета Мурињо.
Фенербахче го загуби првиот меч од Феенорд со 2-1, тоа е дуел од квалификациите за Лигата на шампионите. Турскиот клуб ќе мора да победи во Истанбул за да се пласира во плејофот од натпреварувањето.