Коронавирусот го
суспендираше фудбалот во Европа, првичната идеја беше тој да продолжи на
почетокот од април, но на сите им е јасно дека ова сценарио е тешко остварливо.
Па се разгледуваат
најразлични опции, сезоната да биде поништена, да биде прекината и да важи
моменталниот распоред на табелата или пак сезоната да продолжи во мај или јуни
и да заврши во јули или август.
Најголем дел од челниците
се за ова последното сценарио, бидејќи прекин на сезоната ќе значи голема
финансиска загуба за првенствата, касите ќе останат пократки за стотици милиони
евра и клубовите можат да имаат проблем со ликвидноста.
Но за реализација
на ова, најпрво УЕФА ќе треба да го помести Европското првенство за ноември/декември,
или пак за 2021 година. Потоа ќе треба да се разгледаат други прашања, односно
што со фудбалерите кои се под договор до 30. јуни, доколку сезоната продолжи во
јули или август.
Според пишувањата
на Атлетик, доколку сезоната биде продолжена во летните месеци, ФИФА ќе дозволи
специјалнa отстапка за
краткорочни договори, односно играчите ќе можат да потпишуваат нови договори
недела за недела.