Поради инцидентот со Гомез на тренинг, Стерлинг нема да игра против Црна Гора

by
1 минути читање

Емоциите од дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, Гомез и Стерлинг ги префрлија на тренинг на англиската репрезентација каде влегоа во дуел, но беа разделени од соиграчите.

Поради инцидентот на тренингот Стерлинг е казнет и нема да игра на мечот со Црна Гора.

„Требаше да донесеме одлука, а таа е Рахим да не настапи на мечот против Црна Гора во четврток“, изјави селекторот на Англија, Гере Саутгејт.

„Еден од нашите најголеми предизвици и силна страна е тоа што успеваме да ги оделиме клупските ривалства од националниот тим. Но за жал, емоциите од овој меч се уште се присутни“.

Во пост на социјалните мрежи Стерлинг изјави дека тој и Гомез ги надминале недоразбирањата.

„Јас и Џо зборувавме и ги решивме проблемите, продолжуваме понатаму. Ние сме во спорт каде што емоциите се големи. Сфативме дека тоа беа само 5-10 секунди и завршено е, одиме понатаму, ние сме поголеми од тоа. Да се фокусираме на мечевите на Англија“, е дел од излагањето на Стерлинг на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×