115
Некои медиуми пишуваат дека УЕФА може да покрене постапка против Марио Манџукиќ за старт со лакт кој не беше виден од судијата на натпреварот.
Манџукиќ намерно со лакт го удри Фабињо, Кујперс не го санкционираше, но тоа може да го направи дисциплинската комисија при УЕФА.
Се шпекулира дека УЕФА ќе покрене постапка за стартот на Манџукиќ но и за оној на Камил Глик кој намерно го згазна Игуаин.
Останува да видиме дали УЕФА ќе реагира за пропустите на Кујперс или Манџукиќ и Глик ќе бидат поштедени од санкции. Тоа особено би било удар за Хрватот кој треба да игра во финалето од Лигата на шампионите.