Поради депресијата можеше да се повлече, а сега се врати во клубот каде што ја започна кариерата

by Стефан
1 минути читање

Ветеранот Јосип Иличиќ во наредната сезонаќе игра за клубот каде што ги направи првите чекори во кариерата, словенечкиот Копер.

Иличиќ, кој денес има 37 години, не ја криеше емоцијата по враќањето „дома“.

„Ме радува што повторно сум во Копер. Тука ги направив првите чекори и имам убави спомени. Ова е фудбалски град со верна публика која заслужува добри резултати. Се надевам дека заедно ќе уживаме во следната сезона,“ изјави Иличиќ по потпишувањето.

Најголема трага Иличиќ остави во Италија, каде ги бранеше боите на Палермо, Фиорентина и најдолго на Аталанта. Токму таму, во Бергамо, градот кој беше тешко погоден од ковид-пандемијата, Иличиќ помина низ тежок период и се соочи со депресија што сериозно го доведе под знак прашалник неговиот опстанок во фудбалот.

Во изминатите три сезони Иличиќ беше дел од Марибор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×