Поради Арнолд еден фудбалер ќе го напушти Реал Мадрид

by Стефан
1 минути читање

Според последните најави од Шпанија, Реал Мадрид нема да го продолжи договорот со Лукас Васкез.

Информациите на „Релево“ се дека Реал Мадрид нема да ја продолжи соработката со 33-годишниот Шпанец која истекува летото 2025 година.

Раководството на „кралевите“ се одлучило на ваков потег поради најавеното пристигнување на Трент Александер-Арнолд како слободен фудбалер.

Реал на таа позиција го има и Дани Карвахал кој на лето ќе се опорави од повредата, па Васкез во таква ситуација би бил трет избор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани