„Попрво би умрел отколку да играм за ПСЖ“

by
1 минути читање

31-годишниот Жињак е голем фан на Марсеј кој е лут ривал на ПСЖ. Дресот на Олимпик го носеше пет години пред да се пресели во Мексико во 2015 година во тимот на Тигрес.

Напаѓачот кој во дресот на Франција во финалето на ЕУРО 2016 ја погоди стативата од голот на Португалија при 0-0, вели дека попрво би умрел отколку да заигра за ПСЖ.

„Го мразам ПСЖ, попрво би умрел отколку да потпишам за нив. Доколку ПСЖ ми понуди и 10 пати поголема плата, не би играл за нив“ – вели Жињак.

Тој објаснува и како славел кога Барселона го победи ПСЖ со 6-1.

„Немате претстава како славев кога Барселона го постигна шестиот гол против ПСЖ во Лигата на шампионите. Се дерев, трчав, скокав, мојата сопруга дури и се исплаши малку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани