Поплава го откажа натпреварот помеѓу Големо Коњари и Охрид!

by Стефан
0 минути читање

Со утрешните натпревари од 13. коло продолжува Втората македонска фудбалска лига, но планираниот дуел меѓу Големо Коњари и Охрид Лихнидос нема да се одигра.

Причината за одложувањето на натпреварот е поплавениот терен на домашната екипа, па така веќе е потврдено и дека дуелот ќе се одигра на 3 декември.

На табелата, Големо Коњари се наоѓа на дното со само три освоени бода по 11 одиграни средби, додека Охрид Лихнидос е во врвот и со 27 бодови се наоѓа на третото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×