169
Фудбалската федерација на БиХ, преговарала со Бошко Ѓуровски за селекторската позиција, но тој ги одбил затоа што веќе прифатил понуда од Јапонија.
„Точно е дека ме контактираа луѓето од Би Х, но морав да ги одбијам бидејќи веќе сум пред договор за враќање во Јапонија. Би ми било голема чест да бидам селектор на БиХ, но понудата дојде во погрешно време“ – изјави Бошко Ѓуровски.
Се уште официјално не се знае името на новиот клуб на Ѓуровски, но се шпекулира дека тоа е Јокохама Маринос каде што игра Давид Бабунски.