Неколку извори пренесуваат дека „волчицата“ е на добар пат да го договори Џакомо Рападори од Атлетико Мадрид како прво засилување за тренерот Џанпјеро Гасперини во зимскиот преоден рок.
Џакомо Распадори по само шест месеци се враќа во Калчото, Рома достави понуда која не се одбива.
Напаѓачот добил предлог тежок 4 милиони евра по сезона (повеќе од тоа што го заработува во Атлетико), како и ветување дека ќе има важна улога во тимот (во моментов тој е четврта опција во Мадрид), па се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда за негов трансфер на „Олимпико“.
Рома на Атлетико ќе му плати 2,5 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната со опција во целост да го купи Италијанецот за додатни 19 милиони евра (опцијата ќе стане обврска во случај на пласман во Лигата на шампиони).
ФОТО: X/Atlético de Madrid