Поништен гол, контроверзен пенал и реми од 2-2, Аталанта му откина два бода на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Шампионот на Италија го загуби чекорот со Наполи, „Бјанконерите“ одиграа 2-2 на секогаш незгодното гостување кај Аталанта.

Средбата одлично почна за гостите. Бернардески го постигна својот деби гол за водство од 0-1, а само три минути подоцна Игуаин погоди за 0-2.

Сепак, Калдара ги врати домаќините во игра во 31. минута, и по слободниот удар на Гомес ја смест одбиената топка во мрежата на Буфон.

Манџукиќ погоди за 1-3 во второто полувреме, но голот на Хрватот беше опрадано поништен бидејќи на почетокот од акцијата Лихштајнер со лакт го удри Гомес.

Потоа следуваше ново разочарување за Јувентус, Кристанте погоди за 2-2 во 67. минута.

„Старата Дама“ сепак доби шанса да стигне до победа во завршницата преку контроверзен пенал. Слободниот удар на Дибала беше блокиран од Петања во ѕидот, кој ја крена раката, но топката практично го погоди во рамо. Судијата се консултираше и со ВАР, и не ја промени одлуката.

Но Дибала не успеа да го реализира ударот од белата точка, па на крајот двата тима се помирија со по еден бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани