Велс првата закана кон нашиот гол ја упати по само 30-тина секунди игра кога Димитриевски ја имаше првата интервенција на натпреварот.
Но, во продолжение, иако избраниците на Белами ја имаа иницијативата и констатно се играше на нашата половина сепак изостануваа оние 100% шанси за гол.
Македонија како да чекаше своја шанса преку контра напади која во овие први 45 минути ја немавме
Најсериозната прилика Велс ја имаше во 32. минута кога топката помина зад Димитриевски, меѓутоа гостинскиот репрезентативец лошо реагираше и ја врати назад топката.
За Македонија Алиоски се закани во 40. минута, но неговиот удар заврши над голот.