Полувреме: Муслиу и Трајковски го „отворија“ Лихтенштајн! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација води со 2-0 на полувремето против Лихтенштајн, во последното коло од квалификациската група „Г“ за СП Русија 2018.

Онака како што се очекуваше, избраниците на Ангеловски тргнаа офанзивно, но се до 36. минута не го најдоа патот до мрежата од голот на противникот, кој капитулираше при една нафрлена топка од корнер, а асистираше Алиоски.

Висар Муслиу е фудбалерот кој игра во одлична форма,
младиот Вардарец веќе го постигна и првиот гол во дресот на Македонија..

36 минути нашата селекција ја плетеше мрежата околу
противничкиот казнен простор, а голот за почетно водство дојде во 36. минута.

Само три минути подоцна Александар Трајковски ја продолжи
голгетерската форма за нашата селекција постигнувајќи го својот трет гол во
низа за Македонија, со што нашата селекција зголеми и на 2-0 против
аутсајдерот.

До крајот на првите 45 минути игра резултатот остана 2-0, а да се надеваме дека мрежата од голот на противничката селекција ќе се полни и во вториот дел од мечот кој се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Зајков, Муслиу, Алиоски,
Трајковски, Пандев, Хасани, Ристовски, Барди и Несторовски.

На клупата за резервни фудбалери се Нилсон, Шишковски,
Тошевски, Дориев, Тричковски, Ѓорѓев, Адеми, Јаховиќ, Радески и Елмас.

Мечот во Струмица го суди луксембургскиот арбитар Лорент
Коприва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани