Сенегал со три бода го стартуваше Светското првенство во Русија, Полска влезе како благ фаворит во дуелот, но европската селекција беше поразена.
Сенегал имаше голема шанса во 18. минута но Нианг не погоди од убава ситуација.
Сепак поведоа по еден брз против напад во 37. минута кога Рангел Чионек го промени правецот на топката и таа заврши зад грбот на Шчесни.
Во вториот дел Полска се обидуваше да дојде до изедначување. Левандовски имаше еден убав шут од слободен удар кој Ниаје го одбрани.
Во 60. минута една голема грешка на фудбалерите на Полска, ја искористи Нианг кој лесно го совлада истрчаниот Шчесни за водство од 2-0.
Полска не се откажуваше, напаѓаше да постигне гол и тоа конечно им успеа во 86. минута преку Киковјак кој намали на 2-1. Но веќе беше доцна, Сенагал се радуваше на победата.
Полска првите бодови ќе ги бара во следното коло против Колумбија, а Сенегал игра со Јапонија.