Полска беше подобра, младинците со пораз ги стартуваа квалификациите за ЕП (ВИДЕО

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз го отвори новиот циклус квалификации за Европското првенство, откако вечерва во Краков загуби од Полска со убедливи 3-0.

Домашната селекција уште од самиот почеток ја наметна иницијативата и освен трите гола што ги постигна, создаде уште неколку одлични шанси. Полска резултатот го отвори во 22. минута кога по центаршут од левата страна, несреќно во сопствената мрежа погоди Зенделовски.

Во вториот дел, Полјаците во само три минути го одлучија прашањето на победникот, прво во 65. минута прецизен беше Регула, а веднаш потоа Пиенко со индивидуален продор го постави конечниот резултат.

За избраниците на селекторот Станиќ сега следи натпреварот против Италија на домашен терен во Битола кој е закажан за 9 септември во 18:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×