Полицијата во Скопје уапсила навивач на Шкендија

by Стефан
1 минути читање

Министерството за внатрешни работи потврди дека уапсило навивач на Шкендија, но не станува збор за скандирањата во текот на натпеварот.

Имено, како што велат од  МВР 37-годишниот навивч предизвикувал нетрпеливост низ улиците на Скопје.

„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Ќе потсетиме, претходно беше објавено дека МВР отворило постапка за скандирањето за време на средбата.

Фото: KF Shkëndija/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×