Полицајката од Хановер испишува историја во Германија, следната сезона ќе суди во Бундеслигата

by
1 минути читање

38 годишната
полицајка од Хановер од следната сезона ќе стане првата жена во историјата која
ќе биде главен делител на правдата на натпреварите од најелитното германско
фудбалско првенство, Бундеслигата.

Ова за мене е
остварување на сонот, среќна сум што после долго време мојот сон ми се исполни,
знам дека ќе бидам под голем притисок и внимание од јавноста и медиумите, но
убедена сум дека ќе бидам на висина на својата задача
“ изјави Шејнхаус.

Таа се најде во
мошне невообичаена ситуација на еден меч кога фудбалер на Херта, Питер Нејмејер
случајно ја допре во градите при една ситуација, Шејнхаус на тоа реагираше со
насмевка, додека пак овој видео детал од тој меч во второлигашката конкуренција помеѓу
Херта и Ахен стана мегапопуларно на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани