Пола Јувентус на Бернабеу гледа Ривер-Бока, од Роналдо ни трага ни глас (ФОТО)

by
2 минути читање

Медиумите од
Шпанија најавија дека спектаклот помеѓу Ривер и Бока во Мадрид ќе биде зачинет
со присуството на двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата, Лео Меси и
Кристијано Роналдо.

Аргентинецот се
појави вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ заедсно со својот син и уште неколку
фудбалери на Барселона (Пике и Алба), но од ЦР7 нема ни трага ни глас и покрај
тоа што половина Јувентус е во свечената ложа.

На социјалните
мрежи Пауло Дибала и Леонардо Бонучи се пофалија дека го гледаат финалето во
Копа Либертадорес заедно со Кјелини, Перин, Де Шиљо и Бентанкур.


Од другите
познати „фаци“, на „Бернабеу“ вечерва е присутен и Антоан Гризман во дрес на
Бока, заедно со соиграчот Годин како и тренерот Диего Симеоне.


Хамес Родригез,
кој од Реал е на позајмица во Баерн, исто така е на трибините како и Мауро
Икарди од Интер, кој мечот го гледа заедно со сопругата Ванда Нара и нејзината
сестра.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани