Покрај Руни, сега и Куман е ставен на „слатки маки“, сопругата на фудбалерот има посебно барање за да не пропадне бракот

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Мирор“, сопругата на Вејн Руни, Колин, имала
посебни барања до нејзиниот сопруг за нивниот брак да опстане по тоа што се
случи изминатиов период.

Како за
потсетување, Руни беше фатен како вози во алкохолизирана состојба, а возилото
кое го управуваше не беше негово, тој беше во друштво на извесна Лаура Симпсон, со која се тврди дека имале „дружба“ во текот на вечерта во еден ноќен клуб.

Сопругата на Руни
наводно не му замерува  за тоа во чие
друштво бил таа вечер, туку дека управувал зад воланот во алкохолизирана
состојба, а сега таа бара од Руни да се обиде да издејствува кај Роналд Куман
да добие скратен одмор, за бракот да не му пропадне.

Се чини дека
ситуацијата со Руни се пренесе и во атмосферата од соблекувалната во Евертон,
ако се земе во предвид дека тимот од Ливерпул викендов на домашен терен со 0-3
беше прегазен од Тотенхем во четвртото коло од Премиерлигата кое ќе се
комплетира со вечерашната пресметка помеѓу Вест Хем и Хадерфилд (21,00).

Инаку, Колин не
беше забележана на трибините од „Гудисон Парк“ на мечот против Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани