146
Џиџи Буфон планираше да се пензионира по крајот на Светското првенство, но на огромно изненадување Италија не стигна до таму. Фудбалските фанови се навикнати да ги гледаат азурите на мундијалите бидејќи скоро секогаш се присутни, но нема да бидат и сега.
Покрај Буфон, крај на репрезентативната кариера ставија и Де Роси, Барзаљи а можеби и Киелини кој се уште не е сигурен што понатаму.
„Не знам дали ќе продолжам да играм за репрезентацијата. Италија има многу млади момци на кои треба да им дадеме поддршка. Повторно ќе се издигнеме со играчите како Марко Верати и другите родени во 90тите кои ќе созреат на следното Европско првенство и ќе бидат носители на оваа селекција“ – вели Киелини.