Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Маурицио Покетино вели дека ситуацијата со Кристијан
Ериксен во тимот стана проблем во тимот од Лондон, подолг период се шпекулираше
дека Данецот ќе си замине и ќе ги засили редовите на Реал Мадрид, до тоа не
дојде, а преговорите за продолжување на соработката со Премиерлигашот стојат во
место.
„Ова не е
најдобрата ситуација за него, како и за сите во клубот. Оваа ситуација не е
онаква каква што клубот и самиот фудбалерот очекуваа да биде, едноставно не
можете да го вперите прстот во овој проблем. Треба да се обидеме да го
минимализираме проблемот, да ја решиме ситуацијата, Ериксен е важен фудбалер
кој е потребен да му помогне на тимот со неговите перформанси“ вели Покетино.
„Јас сум секогаш
отворен да му помогнам на клубот за да се реши конечната одлука на првиот човек
на клубот Даниел Леви, знам дека таквите одлуки не се баш лесни и секогаш се
обидувам да бидам во позиција да го сторам најдоброто, за клубот да го извлече
најголемиот бенефит, исто и фудбалерот. Најважното нешто што треба да го
сториме во моментов е обете страни да имаат бенефит во одлуката која ќе се
донесе“ заклучи Покетино.
Останува уште
една година од актуелниот договор на Ериксен со Тотнем, самиот Данец посочи
дека е подготвен за нов предизвик по крајот на актуелната сезона, а многумина
во тоа видоа можен трансфер во Реал Мадрид, Јувентус исто така се споменува
како заинтересирана страна за услугите на 27 годишниот фудбалер.