Покетино со први коментари за можноста да го наследи Зидан на кормилото на Реал

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
реши предвреме да стави крај на соработката со „Кралевите“ и вчера соопшти дека
заминува. Се шпекулира дека Маурисио Покетино е прва желба на Флорентино Перез
и веќе е остварен контакт со стратегот.

Самиот Аргентинец
сега излезе со прв коментар за можноста да го наследи Зинедин Зидан на
кормилото на Реал. Маурисио Покетино денеска во Барселона ја промовираше
својата автобиографска книга, па медиумите го искористија овој настан за да го
запрашаат за шпекулациите кои кружат.

„Живеам во сегашноста,
ништо не е поважно од ова. Уживам во работите кои се случуваат, и она што треба
да се случи ќе се случи. Оставам фудбалот да ме води, не инсистирам да ја
променам сопствената судбина
– вели Покетино, кој неодамна стави потпис на нов пет годишен договор
со Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×