Покетино ќе го смени клубот но ќе остане во Лондон?

by
1 минути читање

Весникот „Сан“ излезе со интересна шпекулација која вели дека Покетино е желба на Челси и тој можел само да го промени Северен Лондон со Западен.

Се очекува Антонио Конте да биде отпуштен по финалето од ФА Купот против Манчестер јунајтед.

Раководството на Челзи во Покетино гледа тренер кој треба долго да остане во клубот, но така гледаше и во претходните кои добиваа отказ по првата неуспешна сезона.

Покетино кој сега е тренер на тим кој се пласираше во Лигата на шампионите, ќе прифати да превземе клуб кој следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Во текот на следната недела би требало да дознаеме дали има вистина во ваквите шпекулации на Сан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×