Покетино има едноставен план за триумф на Аргентина над Франција: Додај му ја топката на Меси!

by
2 минути читање

Лионел Скалони
покажа тактичка флексибилност и способност да се прилагоди на противниците,
против Австралија играше со формација 4-3-3, против Холандија употреби 3-5-2, а
против Хрватска 4-4-2.

Останува да се
види што тој ќе смисли за финалето против Франција, но Маурисио Покетино смета
дека планот за триумф е едноставен, топката треба да му се додаде на Лео Меси.

„Играчите многу
добро разбираат која е нивната работа. Кога го имате Лео Меси во тимот, нема
што тој да притиска и да брка топка, вие трчате место него. А потоа, кога ја
имате топката во нозе, веднаш му ја додавате на Лео Меси за тој да почне да
креира. Играчите точно знаат што треба да прават во секој момент, односно да сторат
се што можат за Лео Меси да направи разлика, како што беше против Хрватска“

вели Маурискио Покетино, кој имаше можност во ПСЖ да соработува со својот сонародник.

„Точно е дека на
Аргентина и е потребен Меси, но во исто време на Меси му е потребно останатите 10
фудбалери да изгинат на теренот за него. И до овој момент, токму тоа се
случуваше“.

„Голем дел од
фудбалерите даваат 120% од себе… Де Пол, Мек Алистер, Енцо Фернандез, Хулијан
Алварез… Даваат повеќе од она што можат и го прават тоа за Меси. Го прават
поради тоа што и тие сонуваат за триумф на Светско првенство, и кога сте толку
блиску и во тимот го имате Лео Меси, почнувате да верувате дека е можно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани