Покетино и забранил на сопругата да доаѓа на Вајт Харт Лејн

by
2 минути читање

„Спарси“ имаат
нова добра сезона, тие се единствениот тим кој нема пораз на домашен терен и во
моментов се на второто место на табелата.

Во пресрет на
дуелот со Милвол во ФА Купот, Маурисио Покетино открива дека побарал од
сопругата повеќе да не доаѓа на Вајт Харт Лејн.

Причината е
едноставна, Аргентинецот е суеверен и верува дека на тој начин ќе продолжи
победничката серија.

„Во последно време
таа не доаѓа на Вајт Харт Лејн, па и кажав „подобро е да останеш дома биејќи
ние продолжуваме да победуваме“
– рече Покетино на средбата со новинарите.

Менаџерот на
Тотенхем исто така открива дека таа често знае да го искритикува но и да му
даде некој совет.

„Ме искритикува
за прославата на голот на Деле Али против Евертон. Кога заврши натпреварот го
погледнав телефонот и имав порака од сопругата. „Што направи? Го загуби разумот
кога Деле погоди! Никогаш да не си го повторил тоа.“
.

„Секогаш има идеи
за тимот. Кога ќе се вратам дома, таа го гледала натпреварот на ТВ и ми вели
„зошто ова или зошто она?“ Секогаш има мислење, но секогаш по крајот на
натпреварот, никогаш претходно
.

„Ако изгубиме ми
вели „Зошто играше ваква? Зошто не онака? Зошто не направи замена?“
.

Запрашан дали ќе
и забрани да дојде на Вембли доколку Тотенхем се пласира во финале, Покетино
веле: „Не, не, не. Ја сакам сопругата. Не би и забранил да додје на финале од
купот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани