Покетино би можел во Милан?

by
1 минути читање

Кориере дела Сера
пишува дека Милан го посакува Маурицио Сари како иден тренер на клупата на тој
италијански калчолигаш, а дали Џенаро Гатузо ќе ја задржи својата позиција,
зависи од тоа дали тимот ќе избори место во Лигата на шампионите за идната
сезона.

И покрај
конекциите со Арсенал, весникот пишува дека извршниот директор на Милан, Иван
Газидис го идентификувал аргентинскиот фудбалски стратег како
идеален кандидат.

Покетино е на
клупата на Тотенхем од 2014. година па наваму, се поврзуваше и со Реал Мадрид,
но таму се врати Зинедин Зидан, а неговата иднина во Премиерлигашот се чини од
ден на ден е се
понеизвесна.

Милан во моментов
е на четвртото место, што воедно е цел на клубот за актуелната сезона, но,
Аталанта е само на бод зад Росонерите, а веднаш потоа се уште и Лацио, Рома и
Торино со четири бода негатива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×