Покетино: Би бил луд да не стартувам со Кејн…

by
1 минути читање

Утре стартуваат
големите возбудувања од групите во Лигата на шампионите, а во групата „Б“ се
игра една мошне интересна пресметка каде силите на теренот ќе ги одмерат Интер
и Тотенхем.

Запрашан дали
Кејн ќе почне од првата минута против Интер, шефот на стручниот штаб на
Англичаните, Маурисио Покетино одговори „Мислам дека доколку размислуваме
поинаку, би биле луди. Да. Не знам што очекувате од мене, и каков би требало да
биде мојот одговор
“.

Тој е еден од
најдобрите напаѓачи во светот, воопшто не се грижам поради тоа што не беше
доволно добар на мечот против Ливерпул. Тој ќе постигнува голови и ќе има
изданија онакви какви што ние посакуваме и очекуваме
“ додаде Покетино.

Освен оваа
пресметка во Милано, во рамките на истата група силите ќе ги одмерат уште и
Барселона и ПСВ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×