Појет: Карлос Тевез има два проблеми во Кина

by
1 минути читање

Карлос Тевез ќе заработува 40 милиони долари годишно со што станува најплатениот фудбалер во светот, но Аргентинецот не е баш најсреќен во Кина.

Појет посочува две големи работи во кои му се проблем на Тевез, јазикот и храната.

„Тој не зборува ни збор на кинески, исто како и јас, му треба преведувач цело време. Многу му е тешко да комуницира бидејќи се случува понекогаш и преведувачот да не може да ги долови пораките на вистинскиот начин на кој се кажани“ – вели Појет.

„Тевез не јаде ништо. Минатата недела заедно за прв пат бевме на скара со Гуарин, Џио Морено и Тевез. Освен тоа, тешко му е да јаде кинеска храна“.

Но има нешто и во што добро му оди, тоа е спиењето.

„Спиењето му оди, се одмара многу добро“.

Иако повеќе години играше во Манчестер, Тевез никогаш не успеа добро да го совлада англискиот јазик, можеме само да замислиме како му оди со кинескиот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани