Реал Мадрид ги
одработува финалните подготовки во пресрет на градското дерби со Атлетико
Мадрид на домашен терен, а за Зинедин Зидан има и една доста добра вест во
однос на рехабилитацијата на Еден Азар.
Белгиската ѕвезда
чија адаптација во Шпанија не оди според плановите на Реал Мадрид, по неговиот
трансфер од Челси, тренираше по пауза од цели 66 денови, поради повреда со која
се здоби од дуелот со Муние од ПСЖ во меч од Лигата на шампионите, по што
Белгиецот пропушти 14 натпревари досега.
Како и да е, „АС“
известува дека Азар не е повикан за дербито со „Јорганџиите“ во сабота, меѓутоа
очекувањата се тој да се врати на натпреварите во текот на идната седмица,
поточно во четфртфиналето од Купот на Шпанија, а „Кралевите“ во текот на
утрешниот ден ќе го дознаат и противникот во таа фаза од натпреварувањето.
Меѓудругото,
доколку не забележи настап во тоа натпреварување, речиси сигурно е дека
Белгиецот ќе забележи настап на гостувањето кај Осасуна идната недела во
рамките на Примера.
class="twitter-tweet">
Веста за враќањето на Азар секако дека не е од обичен карактер за Реал
Мадрид, ова ќе биде сигурно големо „засилување“ за составот на Зидан во
продолжението, откако „Кралевите“ имаат фантастична низа победи од цели седум
меча во серија.
Со 46 бода, Реал Мадрид е лидер на табелата во Примера, со три бода предност во однос на второпласираната Барселона.