На вчерашниот референдум за независност на Каталонија кој
беше означен како нелегален од Шпанија, дури 90 проценти од гласачите беа „ЗА“ независност. Вчерашниот настан не го потресе само политичкото тло, туку и
спортското, ако се земе во предвид дека Барселона на фудбалски план е во фокусот
на вниманието по овие збиднувања.
Доколку дојде до ситуација Каталонија да се одвои од
Шпанија, доста промени би претрпело тамошното фудбалско првенство, како и
изгледот на селекцијата на Шпанија.
Каталонија во тој случај би повлекла неколку фудбалери од
репрезентацијата на Шпанија, кои воглавно доаѓаат од Еспањол и пред се’ Барселона.
Веќе се шпекулира за почетниот состав на Каталонија, а во
него веќе се најдоа фудбалери од типот на Цеск Фабрегас, Телјо, Кркиќ, како и
резервниот голман на Реал Мадрид, Кико Касилја.
Како и да е, од друга страна селекцијата на Шпанија и
натаму би имала респектабилен состав, кој би изгледал на овој начин…