Мурињо смета дека Уругвај ќе го освои првото место во групата А, а втора ќе биде селекцијата на Русија. Од групата Б Шпанија ќе оди како прва во осминафиналето, додека неговата Португалија ќе биде втора.
Во групата Ц, Франција ќе биде прва, а Австралија втора. Во Д ќе победи Аргентина, а Нигерија ќе биде втора. Интересно, Мурињо смета дека Хрватска нема да ја помине групата.
Во групата Е вели дека Бразил ќе победи, втора ќе биде Швајцарија, а Матиќ ќе оди порано на одмор. Од групата Ф Германија и Мексико ќе одат понатаму.
Мурињо смета дека Англија ќе биде пред Белгија во групата Г, а во последната група Х, Сенегал ќе биде прв пред Полска.
Осминафиналните двојки според Мурињо:
Уругвај – Португалија
Шпанија – Русија
Франција – Нигерија
Аргентина – Австралија
Бразил – Мексико
Германија – Швајцарија
Англија – Полска
Сенегал – Белгија