Погледнете ја мајсторијата на Елмас од друг агол! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се врати во Серија А и имаше перфектно деби за новиот клуб Торино, иако на крајот „биковите“ загубија со пресврт и гол во 90. минута.

Елмас влезе во игра во 62. минута и само три подоцна даде деби-гол за Торино – и тоа каков. Македонскиот ас одигра двојно проигрување со Че Адамс, потоа му направи „тунел“ на противникот за на крај да реализира со лоб удар.

Серија А преку својот „ТикТок“ профил го сподели голот на Елмас од друг агол и напиша: „Мастер класа“.

Watch on TikTok

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани