На Островот
најавуваат голем пресврт во случајот со Пол Погба и Манчестер јунајтед, наводно
францускиот репрезентативец пријавил интерес да потпише договор на подолг рок
со клубот и покрај претходните шпекулации кои извесен период го селеа од „Олд
Трафорд“.
„Дејли Мејл“
известува дека 26 годишниот фудбалер е подготвен да одлучи за неговата иднина
во Манчестер јунајтед, а истата ја базира токму на подолг рок во клубот од „Олд
Трафорд“, особено по успешното засилување во јануари, Бруно Фернандеш, кој
најавува нешто големо во составот на Оле Гунар Солшер.
Освојувачот на
последното Светско првенство сезонава запиша само осум настапи за „Црвените
ѓаволи“, сето тоа поради повреда, а последниот настап кој го запиша зад своето
име беше во победата над Њукасл со 4-1 на боксинг деј.
Фернандеш, веќе
постигна три погодоци и исто толку асистенции во неговите осум настапи во
дресот на Манчестер јунајтед, донесувајќи голем баланс кој многумина го
очекуваа од Погба во креативноста во средниот ред.
Актуелниот
договор на Погба со Манчестер јунајтед истекува идното лето, клубот има опција
за дополнителни 12 месеци во истиот, а „Дејли Мејл“ известува дека неделната
заработка на Погба во потенцијалниот нов договор од 300,000 ќе се искачи на
400,000 фунти.