Елиминацијата на Манчестер јунајтед не беше единствениот проблем за Погба таа ноќ, тој имал пострашен личен настан.
„Минатата ноќ нашата фамилија го имаше најлошиот кошмар кога нашиот дом беше ограбен додека нашите бебиња спиеа во нивната спална“, вели Погба.
„Крадците биле во нашиот дом помалку од пет минути но во тоа време земале нешто што е повредно за нас од се што имаме во нашиот дом… нашето чувство за безбедност и сигурност“.
„Тоа се случувало во последните минути од натпреварот кога тие знаеле дека ние нема да бидеме дома. Мојата сопруга и јас брзавме дома незнаејќи дали нашите деца се безбедни и неповредени. Како татко нема полошо чувство на светот од тоа да не бидеш на лице место за да ги заштитиш своите деца и искрено се надевам никој никогаш нема да го почувствува тоа што го почувствував јас“.
Погба на крајот и понуди награда за секој кој може да помогне да се фатат крадците.
— Paul Pogba (@paulpogba) March 16, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.