Погба во интервју кое го обиколи светот: Не смееме да дозволиме победа на тероризмот

by
4 минути читање

Пол Погба имаше
големи потешкотии како Муслиман да живее во Манчестер по нападите со бомби
минатиот месец, тој инсистира на тоа дека на терористите не смее да им се
дозволи да победат
“ пишува во својата најава во преработката на интервјуто,
британски „Дејли Мејл“.


Најновото издание на „Ескир“ за јули и август

Во интервјуто,
покрај повеќето теми, Погба говореше и за смртта на неговиот татко Фасу на 79
годишна возраст.

24 годишниот
фудбалер вели дека жртвите на тероризмот и тие настани од кои се згрозуваат
сите, немаат никаква поврзаност со религијата.

Погба во Мека, во
најголемиот исламски храм

Ова се тешки
моменти, но не смееме да се предаваме, не смееме да им дозволиме да влезат во
нашите глави
“ вели Погба.

Тажни работи се
случуваат во животот но не можеме да се откажеме од борбата за поубав живот. Не
можете да убиете човечко суштество, да направиш такво нешто, тоа е лудо, така да
јас воопшто не сакам да ја ставам религијата во тие теми, тоа не е Ислам и сите
го знаат тоа, не сум единствениот кој го зборува ова
“ додаде Французинот.

Откако пристигна
од Јувентус во Манчестер јунајтед за рекордна сума минатото лето,
Погба стана познат по своето однесување на теренот, посебно откако ќе постигне
погодок.

Што се однесува
до смртта на неговиот татко, тој вели дека е горд на тоа што е негов син.

Погба заедно со
својот татко во болница, познато е дека Фасу долго боледуваше

Кога ќе загубите
некој кого го сакате, едноставно не ви е сеедно. Токму затоа сакам да уживам во
животот, бидејќи се се одвива мошне брзо во него. Тој беше прекрасна личност,
добар татко, горд сум на тоа што сум негов син, тој беше еден од најпозитивните
луѓе кои ги познавам во мојот живот, секогаш кога ќе се видевме постојано се
смеевме за нешто
“ издвојува Погба.

Во однос на
учинокот од изминатата сезона, Погба вели дека точно е дека Манчестер јунајтед
генерално како тим не прикажал добра игра, и покрај освоениот трофеј во Лига
Европа.

Погба со освоениот пехар во Лига Европа

Ги прифаќам
критиките дека не одигравме добро, не го посакувавме ова, можете да бидете
најдобриот тим во светот, можете да играте преубав фудбал и да не освоите ниту
еден трофеј. Кој ги памети нив? Никој, така?
“ вели Французинот.

Погба го напушти
тимот од Манчестер во 2012. година, од каде се пресели во Торино, во редовите
на Јувентус, таму пак во четири сезони одигра 124 натпревари, притоа
постигнувајќи 28 погодоци.

Го напуштив
Манчестер за да имам минутажа. Тоа е се што јас го посакував, и покрај тоа што
бев многу млад, се чувствував дека можам да играм и не можев да чекам многу.
Сепак, морам да издвојам дека во мојата глава секогаш си велев дека еден ден би
можел да се вратам, не сум го дал последниот збор тука. Мојата мајка тогаш ме
праша – „Дали ќе се вратиш еден ден повторно тука?“, и еве ме тука сум, имам
нова фризура во Манчестер
“ завршува Погба во интервјуто за кое зборува целиот
фудбалски свет.

Како за
потсетување, Погба се врати на „Олд Трафорд“ по најскапиот трансфер во
историјата на фудбалот, кој чинеше
105 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани