Фудбалерот од
средниот ред ја синираше повредата на скочниот зглоб, но кога требаше да почне
да тренира со соиграчите, сезоната беше суспендирана поради епедемија на
коронавирус.
Пол Погба сега дома
работи на својот фитнес, а денеска објави и видео на социјалните мрежи. Тој
тренираше во дрес на Јувентус, клубот со кој често се поврзува изминативе
месеци. Сепак, намери на Французинот се други, тој сакаше да му даде поддршка на
својот сонародник Блес Матуиди, кој е позитивен на коронавирус.
Со него тренираше
и Виктор Линделоф, кој пак носеше дрес од Сампдорија за да му даде поддршка на
сонароникот Албин Екдал, кој исто така е заразен со Ковид 19.
„Поддршка за
нашите пријатели од Јувентус и Сампдорија, Блес Матуиди и Албин Екдал. Поддршка
и за сите спортисти и луѓе ширум светот кои се соочени со овие тешки моменти.
Бидете силни. Останете дома и бидете безбедни“ – напиша Пол Погба на Инстаграм.
„Знам дека многумина
ќе зборуваат за дресот од Јувентус но јас само изразувам поддршка на
пријател… тоа е сè, ништо повеќе“.