Две години по
враќањето во Манчестер јунајтед за тогаш рекордни 110 милиони евра, се
шпекулира дека Французинот не е среќен и го информирал извршниот
потпретседател, Ед Вудворд дека сака да замине.
„Ѓаволите“ го
негираат ова, но решија да не ги коментираат гласините кои велеа дека неговиот
агент, Мино Рајола се договорил со Барселона. Се верува дека Поп Погба бара
нова авантура поради тензичниот однос со Жозе Мурињо и тоа што не се пронаоѓа
себеси во тактичките замисли на Португалецот.
Самиот фудбалер
сега одново сугерираше дека неговата ситуација на Олд Трафорд не е сјајна
откако порача дка не може да си ја отвори душата бидејќи ризикува казна.
„Треба да знаете
една работа, играч кој е среќен, секогаш се чувствува покомфорно
отколку кога не е среќен. Само ова ќе го кажам“ – вели Погба.
Но новинарите
побараа појаснување, па тој доде: „Доколку не сте среќен, не можете да го
дадете најдоброто од себе“.
Пол Погба смета
дека нема логика да се извршува оредена работа доколку не уживата во самата
работа, па новинарите конкретно го прашаа дали во моментов е среќен и комфорен
со својата ситуација.
„Има работи за кои можам да зборувам и
работи за кои не можам да зборувам бидејќи ќе ме казнат!“