90
Жозе Мурињо вчера
потенцираше дека Манчестер јунајтед е друг тим со Пол Погба во составот и ова се покажа како точно вечерва против Њукасл.
Иако гостите го
шокираа фаворитот во 14. минута и поведоа со 0-1 со голот на Гејл, „Црвните
Ѓаволи“ на крајот славеа со убедливи 4-1.
На асистенција на
Погба, Марсијал изедначи на 1-1 во 37. минута, а пред крајот на првиот дел
Смолинг донесе комплетен пресврт.
Пол Погба се
запиша во листата на стрелци на стартот од вториот дел по една убава акција, а
конечниот резултат го постигна Лукаку во 70. минута.