169
Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба се извини до фановите на клубот
поради тешкиот пораз на домашен терен од Тотенхем со 0-3 во Премиерлигата.
Францускиот
репрезентативец кој не може да се пофали со добра игра во дресот на Црвените
ѓаволи, поради што трпи голем број критики на негова адреса, рече дека неговиот
тим не заслужил таков пораз, а до фановите упати извинување.
„Го почнавме
мечот многу добро, а во второто полувреме примивме два гола. Тоа беше тешко…
Нашите фанови и во таа ситуација не бодреа, навистина ние жал за нив и им се
извинуваме, разочарани сме, сакавме подобро од ова. Мислам дека ова беше пораз
кој не го заслуживме“ рече Погба.