Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед повеќе од било кога

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед успеа да го сочува Погба во летниот преоден рок, но лошиот старт на сезоната не ми се допаѓа на Французинот кој бара нов предизвик.

Тимот предводен од Солшер игра лошо, се мачи и оваа сезона, тренерот е пред отказ, а атмосферата во соблекувалната не е добра.

Погба сака клуб кој ќе биде конкурентен со најдобрите, ќе се бори за најголемите трофеи, а Манчестер јунајтед е далеку од тоа и никако да се доближи.

Црвените ѓаволи го проценуваат Погба на 180 милиони евра, а кандидати за неговиот потпис се интересираат Јувентус и Реал Мадрид.

Во зависност од стартот на сезоната во клубовите, тие може да одлучат да се активираат на трансфер пазарот во јануари па дури и да ја понудат сумата која ја бара Јунајтед, но англискиот клуб сака прво да најде замена.

Погба има уште две години од актуелниот договор а Јунајтед има опција да му го продолжи за уште една година. Фудбалерот нема намера да стави потпис на нова соработка, па како ќе одминува времето така и неговата цена ќе паѓа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×