Пол Погба лошo ја
отвори сезоната, имаше недоразбирање и конфликт со Жозе Мурињо па тоа се одрази
и на неговите перформанси на теренот. Но по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер,
Французинот заигра далеку подобро и беше моторот на тимот во серијата победи.
Сепак, фудбалерот
сега повторно е оној истиот од почетокот на сезоната, и Гери Невил вели дека
причина за падот во формата е интересот на Реал Мадрид.
„Погба е играч од
светска класа, но мислам дека повеќе не сака да биде во Манчестер јунајтед и
тоа е проблем“ – вели легендата на „ѓаволите“.
„Мислам дека
неговиот агент му влезе во глава. Сите знаеме кој му е агент (Мино Рајоло),
знаеме какво влијание има врз него, знаеме дека друг клуб (Реал Мадрид) му го
сврте умот на Погба и тој сега игра како играч кој во мислите има друг клуб“.
„Пред два-три
месеци, кога беше брилијантен за Оле, кога постигна 11 голови и забележа 7
асистенции, седев во студио и кажав дека стравувам за нов пад во формата и еве
токму тоа се случи“.
„Не само што тој
игра како фудбалер кој не сака да биде тука, проблем е и тоа што неговото
однесување има влијание и врз другите играчи во соблекувалната како Лингард,
Рашфорд и Марсијал, кои се вклопуваат во сивилото“.