Погба по две години пред враќање на фудбалот – конечно добил понуда каква што чекаше!

by Стефан
1 минути читање

По речиси две години надвор од терените поради суспензија за допинг, Пол Погба конечно би можел да направи камбек на теренот.

Како што објави познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо, до Погба денеска пристигнала конкретна понуда за двегодишен договор. Станува збор за францускиот прволигаш Монако, кој сака да го ангажира поранешниот ас на Јувентус и Манчестер Јунајтед. Доколку Погба ја прифати понудата веднаш би се приклучил на подготовките на тимот за новата сезона во Лига 1, која стартува на 15 август.

Францускиот репрезентативец последен пат настапи на 14 мај 2023 година во дресот на Јувентус, а со оглед на тоа што има 32 години, се чини дека сè уште има време да се врати на елитно ниво.

Во минатото се шпекулираше и за интерес од страна на Марсеј, но тие гласини брзо беа демантирани. Сега, Монако изгледа како одлична опција за Французинот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×