Погба објасни зошто го промени начинот на изведување на пеналите

by
1 минути читање

Вест Хем добро го
испоти фаворитот, но Манчестер јунајтед на крајот обезбеди три бода од денешниот
дуел откако славеше со 2-1, а обата гола беа дело на Пол Погба и тоа по
изведување на удари од белата точка.

Сепак, тој го
промени препознатливиот начин на изведување на пеналите, претходно имаше
интересен залет, доста спор, чекор по чекор, а денеска беше целосно едноставен
во обидите од белата точка, тој по мечот ја објасни промената.

Тоа што е
најважно е да ја протнам топката во голот, тоа е се
што научив“ рече Погба.

ВИДЕО ОД ПОГОДОЦИТЕ – ТУКА

Можеби го
измамив голманот денеска! Но, тоа што е најважно се освоените три бода, мислам
дека имавме среќа, секогаш е потребна таа среќа, некогаш таа оди кај другата
екипа, но денес токму ние бевме тие што имаа среќа
“ заклучи Погба алудирајќи на
моментите кога Вест Хем можеше да направи целосен пресврт на Олд Трафорд а
можеби и да дојдеше до три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×