Барселона
минатата недела достави понуда за Пол Погба, медиумите пренесоа дека
„Каталонците“ ги понудиле Јери Мина и Андре Гомеш како и 50 милиони евра,
предлог кој Манчестер јунајтед го одбил без размислување.
Се говори дека
Французинот не е среќен на Олд Трафорд, неговиот однос со Жозе Мурињо е
тензичен, играчот не се гледа во замислите на Португалецот па го известил извршниот
потпретседател Ед Вудворд дека сака да замине. Исто така се верува дека Мино
Рајола веќе се договорил со Барселона за платата која Пол Погба ќе ја
заработува на Камп Ноу.
Првиот човек на
Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу вчера беше запрашан за можноста тие да го купат
Пол Погба, а тој само кратко одговори: „Не сакам да зборувам за конкретно име,
имаме почит кон сите клубови. Сепак, до крајот на трансфер пазарот има уште 20 дена
и ќе видиме што ќе се случи“.
Трансфер пазарот
во Шпанија трае до 31. август, но проблем е тоа што преодниот рок во
Премиерлигата беше затворен на 9. август па тешко е за верување дека „Ѓаволите“
ќе го продадат Погба овој месец бидејќи нема да можат да донесат соодветна
замена.
Но затоа пак се
најавува нов „случај Кутињо“ односно Пол Погба во јануари да се пресели на Камп
Ноу. Барса минатото лето се обиде да го ангажира Бразилецот, Ливерпул не сакаше
да слушне за продажба и покрај тоа што самиот играч достави барање за трансфер,
но „Црвените“ веќе во јануари се предадоа и му дозволија на плејмејкерот да ја
промени средината за 160 милиони евра (120 + 40 милиони во бонуси).
Па оваа формула
може да се примени и за Пол Погба доколку играчот не ги „испегла“ разликите со
„Специјалниот“ во следните месеци. Пол Погба изминатиов викенд ја разбранува јаноста откако порача дека
не може отворено да каже што мисли за неговата ситуација во клубот бидејќи ќе добие
казна.