Погба може да се врати на големо дерби идниот месец

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Пол Погба е близу
враќање на терените во натпреварите за Манчестер јунајтед, откако Французинот
повторно отсуствуваше поради повреда на коленото.

Повредата го
ограничи Французинот на само пет настапи во Премиерлигата сезонава, а „Дејли
Мејл“ известува дека тој би можел да се врати порано од предвиденото, поточно,
би можел да се врати на тренинзите за две седмици, а брзо потоа и да забележи
настап.

„Дејли Мејл“
посочува дека Погба би можел да одигра одреден дел од големата дерби пресметка
против градскиот ривал Манчестер Сити, која „Црвените ѓаволи“ ја играат пред
своја публика на 8 март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×