Погба им се доверил на соиграчите за случајот со Мурињо

by
1 минути читање

Пол Погба наводно
им рекол на своите соиграчи од Манчестер јунајтед дека се чувствува засрамен да
игра под водство на Жозе Мурињо и изразил желба да го напушти Премиерлигашот во
јануарскиот преоден рок доколку португалскиот фудбалски стратег остане на таа
позиција.

Односот помеѓу
Мурињо и Погба во неколку ситуации ескалираше, а последно нешто што медиумите
на Островот „уловија“ беше моментот кога за време на тренинг на Црвените
ѓаволи, Мурињо имаше една доста чудна конверзација со Французинот.

Освен тоа, Мурињо
јасно посочи дека Погба повеќе нема да биде капитен на тимот, а сето тоа дојде
откако се одлучи да го повлече од игра во поразот кај Вест Хем со 3-1
изминатиов викенд.

По поразот кај
Вест Хем, запрашан да го коментира изданието на неговиот тим по мечот, Погба
одговори
Ме посакувате
мртов?
, алудирајќи на
неговата претходна изјава во која „удри“ по тактиката на Мурињо дека Манчестер
јунајтед не напаѓа доволно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×