Манчестер
јунајтед минатото лето го сруши трансфер рекордот за да го ангажира Пол Погба,
плати 105 милиони евра за Французинот и го направи најскапиот играч во светот
на фудбалот.
Репрезентативецот
на „Триколирите“ често е мета на критичарите, сите очекуваат многу од него,
особено поради сумата која „Црвените Ѓаволи“ ја одвоија.
Пол Погба сега за
прв пат одговори на критиките, верува дека замерките за неговата
игра не се на право место со оглед на тоа дека тој не е офанзивен играч
„Многумина очекуваат
да бидам дефанзивец, фудбалер од средниот ред и напаѓач” – вели Погба. „Јас треба да се
фокусирам само на мојата работа”.
„Кога луѓето ги
коментираат моите игри, ме критикуваат поради тоа што не постигнувам погодоци.
Исто така, во прв план секогаш им е трансфер сумата”.
„Јас само ја
вршам својата работа, ја организирам играта. Имав неколку асистенции по кои
моите соиграчи требаше да постигнат гол, но не го сторија тоа. Никој не зборува за
вакви работои, но немам ништо против ова”.
„Доколку
стативите кои ги погодив беа голови, луѓето немаше да ме критикуваат, но таков
е фудбалот”.