161
Манчестер јунајтед
вечерва гостува кај Севиља во првиот меч помеѓу овие две екипи во осминафиналето
од Лигата на шампионите.
Дел од медиумите на
Островот пишуваат дека португалскиот стратег од клупата на тимот од Олд
Трафорд, Жозе Мурињо мечот нема да го почне со Пол Погба, а се поизвесно е дека
од првата минута ќе почне младиот Скот МекТоминеј кој добива се поголеми
пофалби за своите изданија во последниов период.
Погба на три од
последните два натпревари беше заменет, а се погласни се шпекулациите дека не е
во најдобри односи со својот тренер.