„Подобро би играл со овој тим и би примил пет гола, отколку со некои арогантни фудбалери од Англија“

by
1 минути читање

Стефан Савиќ упати
директна критика кон репрезентативецот на Англија, Џордан Хендерсон поради непочитување
на мечот помеѓу Црна Гора и Англија во квалификациите за ЕП 2020, откако
Гордиот Албион во Подгорица славеше со убедливи 1-5.

Дефанзивецот на
Атлетико Мадрид го обвини фудбалерот на Ливерпул дека покажал лош однос со
ривалите од противничкиот табор, а кон еден фудбалер имал саркастичен коментар
по еден, сосема нормален дуел.

Џордан Хендерсон
саркастично му рече на еден од нашите играчи по еден сосема нормален дуел дека
ќе му го даде дресот по мечот, тоа е одвратно и крајно непочитување, му реков
дека бил доволно добар што едноставно не возвратил со иста мера како него
“ рече
Савиќ.

Ние сме горди,
подобро би играл во еден ваков тим и би примил пет гола отколку да играм со
арогантни фудбалери од Англија
“ додаде Савиќ.

Веќе е познато
дека Црна Гора е на тапет кај УЕФА, откако Европската куќа на фудбалот почна
истрага поради наводен расизам во дуелот со Англија, откако на мета беа
црномурестите фудбалери на гостинскиот табор.

×