Манчестер Сити договори големо засилување, исполнувајќи му ја големата желба на Пеп Гвардиола.
Англискиот првак го договори потписот на Омар Мармуш од редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Се очекува сумата на трансферот да биде околу 80 милиони евра, со вклучени бонуси кои треба да се достигнат. Двете страни по релативно долги преговори си подадоа рака и постигнаа целосен договор.
Египетскиот фудбалер блесна во Бундеслигата, во 17 натпревари сезонава има 15 гола и 10 асистенции, а тој беше прва желба на тренерот Гвардиола. Се очекува Мармуш да пристигне на потпис во следните денови.
Сити претходни ги договори трансферите на Витор Реис и Хусанов кои исто така се очекува да бидат официјализирани, а потпиша и продолжување на договорот со Ерлинг Халанд до 2034 година.